АЛКУП ГРУП е формирана 2008 година. Лоцирани сме во Струга - Р. Македонија. Основна дејност на АЛКУП ГРУП е леење на легури од алуминиум и цинк, и доработка на одливки со тровалирање, бушење и брусење.

Нашата компанија брои околу 20 вработени. Нашата предност како мала компанија е во способността да понудиме голема флексибилност во работењето, можеме лесно да се прилагодиме на побарувањата на купувачот, како во поглед на изработка на бараната форма на одливките од страна на нарачателот, така и и во однос на нарачаните количини, да изработиме квалитетен производ и да понудиме добра цена. Од друга страна, нашата локација на помалце од 10 км од најблискиот аеродром - Св. Апостол Павле во Охрид, како и приближно 180 км од пристаништето во Драч - Албанија, нуди одлична можност за брза испорака на производите во било кој дел од светот.

Располагаме со 5 ливачки машни од производителот IDRA и тоа:

  • 1 ливачка машина со капацитет од 160Т;
  • 1 ливачка машина со капацитет од 225Т;
  • 2 ливачки машини со капацитет од 400Т;
  • 1 ливачка машина со капацитет од 600Т;

Хидраулична преса со капацитет од 30 до 80Т:

Алатница за тровалирање, бушење и брусење на одливци.

Во досегашното работење, изработуваме одливки за потребите на АЛФЕРАЛУМИНИУМ - Германија и ЕМО Охрид - Македонија.